Која понуда е подобра за да се донесе Парти? Интер го нуди Перишиќ, Арсенал го дава Гендузи

Томас Парти е интересен и за Интер, откако и Арсенал претходно објави дека сака да го ангажира одличниот играч на Атлетико Мадрид, но и двата клуба не сакаат да ја платат отштетната клаузула од 50 милиони евра.

Интер се вклучи во трката за ангажман на 27-годишниот репрезентативец на Гана со понуда во која е вклучен Иван Перишиќ и плус одредена сума на пари за Атлетико Мадрид.

Арсенал беше првиот клуб што летово истакна понуда за Парти, а сценариото е слично, се нуди младинскиот репрезентативец на Франција Матео Гендузи и одредена сума на пари за да се донесе играчот од средниот ред на Атлетико.

Сепак засега популарните Јорганџии стојат цврсто на ставот дека ќе му дозволат на својот играч да замине во клуб што ќе ја плати отштетата од 50 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести