Којл со „златен гол“ го израдува Бостон (Видео)

Бостон бруинс и Сент Луис блуз поведоа со 1-0 во своите плејоф серии од второто коло на плејофот во хокеарската НХЛ лига, откако со по 3-2 го поразија своите противници.

Бостон со златен гол на двојниот стрелец Чарли Којл дојде до победата над Колумбус блу џекетс, додека Сент Луис го совлада Далас старс. Којл беше двоен стрелец. Тој прво го спаси тимот од пораз во регуларниот дел, а потоа даде гол за победа во продолжението.

И на другиот меч имаше играч кој со два гола му помогна на тимот да слави. Тоа е Владимир Тарасенко кој е најзаслужен што Сент Луис го победи Далас. Иако трипати губеа од Старс во регуларната сезона, Блу џекетс сега кога е поважно, имаат прилика да се реваншираат.

Ова е голот со кој Бостон триумфираше пред своја публика:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести