Колимор: Не ги избркавме Американците по нелегалната инвазија на Ирак, зошто сега да ги бркаме Русите?

Поранешната ѕвезда на Ливерпул, Стен Колимор, на „Твитер“ изрази свој став во врска со односот на британските власти кон руските работници. Има барања да им се забрани играње на руските фудбалери во британски клубови.

„Ние не ги избркавме американските работници од Обединетото Кралство кога САД илегално го нападна Ирак. Зошто сега треба така да постапуваме против руски индивидуалци кои работат легално само затоа што се родени таму“, порача Колимор.

Забрана за работење доби и сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, кој реши да го продаде клубот.

- Оглас -

Најнови вести