Колина објасни која е поентата на ВАР и дали е вистинско решение за фудбалот

Легендарниот италијански судија Пјер Луиџи Колина важеше за најдобар арбитар во своето време. Колина сега работи како претседател на Комитетот за судење во ФИФА и отворено зборување за предностите и недостатоците на ВАР системот.

Според Колина, целта на ВАР системот е да се анулираат очигледните судиски грешки.

„Поентата на ВАР не е во целост да ги елиминира контроверзните одлуки, туку да ги елиминира очигледните грешки кои директно влијаат на резултатот. Мислам дека успеавме тоа“, вели Колина, кој потенцира дека сепак на крајот одлуката ја донесува главнито судија, а не тие кои се во ВАР собата.

„Што се однесува со спорните офсајд ситуации, судијата е тој што треба да одлучи дали играчот е во активна или пасивна офсајд позиција. ВАР системот само сигнализира дека имало офсајд, а главниот судија треба да одлучи дали треба да го поништи погодокот или не“, објаснува можеби и најдобриот судија на сите времиња.

На Светското првенство во Катар, ВАР системот ќе работи експресно и нема да има чекање како досега.

„Секој меч ќе се снима со 12 камери кои практично ќе покриваат 29 точки на телото. Софтверот ќе ја анализира положбата на фудбалерот во реално време, а ВАР системот за само неколку секунди ќе му јави на главниот судија дали имало офсајд или не. Ќе биде многу побрзо од тоа што е сега“, дополни Колина.

- Оглас -

Најнови вести