Колина со оценка за судењето: Арбитерот беше подобар од технологијата

Шимон Марчињак од Полска беше судијата кој досуди еден пенал за Аргентина и два удари од белата точка за Франција во финалето на Светското првенство во Катар. Дуелот во регуларните 90 минути заврши 2:2, потоа во дополнителните 30 минути двата тима постигнаа уште по еден гол, па на крајот на пенали се реши Аргентина да биде планетарен владетел.

Францускиот селектор Дидие Дешан имаше забелешки на делењето на правдата на Марчињак, но со него не се согласува првиот човек од судиската комисија на ФИФА, Пјер Луиџи Колина. Легендарниот италијански арбитер вели дека Марчињак одсудил перфектно во финалето.

„Беше подобар и од технологијата“, рече Колина на прашањето да даде оценка за судијата и неговите одлуки.

 

- Оглас -

Најнови вести