Колку е тешко да се збогуваш од клубот а да нема кој да те испрати од трибините (Видео)

Џакомо Бонавентура шест години помина во дресот на Милан. Одигра 183 меча во кои даде 35 гола, а имаше и 30 асистенции. Синоќа на дуелот против Калјари влезе во игра во второто полувреме и за последен пат го носеше дресот на Росонерите.

По завршување на средбата Бонавентура со солзи во очите застана на средината на теренот, клекна и се прости од стадинот кој повеќе од половина деценија беше негов фудбалски дом. На трибините на „Сан Сиро“ немаше навивачи. Немаше кој да му го даде последниот аплауз на играчот кој ги бранеше боите на клубот.

Едноставно пандемијата со Коронавирусот не дозволи Бонавентура да добие испраќање какво што заслужуваше од Милан. Играчот од средниот ред сега има неизвесна иднина затоа што нема договор со ниту еден клуб.

https://youtu.be/uZU32IC8Gk4

 

- Оглас -

Најнови вести