Колку голови толку милиони, Наполи испрати понуда за Циганков

Виктор Циганков има одлична сезона во дресот на Динамо Киев, има неверојатен ефект од 18 голови и 17 асистенции сезонава за повеќекратниот украински шампиони и веќе има и понуда да се пресели во Серија А.

Наполи испрати и официјална понуда на адреса на вицешампионот на Украина вредна 18 милиони евра, или како што испаѓа колку голови на Циганков, толку милиони од Наполи во понудата за негов ангажман.

Динамо Киев бара нешто поголема сума на пари, објавено е дека ќе го пушти 21-годишниот талент за сума од 20-25 милиони евра, па останува напшоли за малку да ја покачи понудата.

Циганков има 21 година и игра на позицијата полушпиц и како офанзивец во средниот ред на Динамо Киев, а има и 13 настапи за сениорската селекција на Украина.

- Оглас -

Најнови вести