Колку победи им се потребни на Црвените за европски рекорд?

По 25 првенствени натпревари Ливерпул освои 73 бода од можни 75. Нема сомнежи дека избраниците на Јирген Клоп ја играат сезоната на нивните кариери. На тридеценискиот пост за брзо ќе му дојде крајот бидејќи веќе нема дилеми дека Црвените ќе ја добијат трката за титулата, а прашање е дали ќе успеат да постават европски рекорд.

Рекордот по освоени бодови во Премиер лигата го држи Манчестер сити со 100 бода, а Ливерпул за да го стигне тој рекорд, потребно е да издвои девет победи и едно реми во преостанатите 13 средби. Во Топ 5 лигите во Европа рекордот го држи Јувентус со 102 бода од сезоната 2013/14, што значи дека 30 бода се потребни за Ливерпул да биде најдобар во оваа категорија.

Но, со 103 бода Црвените не би поставиле британски рекорд бидејќи го држи Селтик токму со 103 бода освоени во сезоната 2001/02. Европскиот рекорд го држи велшкиот клуб Бери Таун, кој доминираше во две последователни сезони со 105, односно 104 бода од 1996 до 1998 година.

Сепак, Велшаните тој рекорд го поставија со одиграни 40 лигашки натпревари, додека Ливерпул ќе треба да издвои 11 победи во последните 13 средби за да постави нов европски рекорд. Инаку, овие рекорди важат за елитните лиги, додека во понискиот ранг Ридинг го држи рекордот со 106 бода во сезоната 2005/06.

- Оглас -

Најнови вести