Колорадо е новата сензација во НХЛ, Калгари пред колапс

По елиминацијата со „метла“ на Тампа беј лајтнинг, најефикасниот тим од Западот, Калгари флејмс, се наоѓа во незавидна ситуација во серијта против Колорадо аваланш. „Лавината“ е на една победа од пласман во следната фаза по триумот со конечни 3-2 кој го запишаа во дополнително време.

Калгари во последните 15 минути влезе со водство од два гола, но Комфер и Рантанен ги вратија домаќините во игра, а потоа Финецот го постигна вториот погодок и ја реши средбата во 11-тата минута од дополнителниот период.

Бостон израмни на 2-2 во серијата против Торонто мејплс лифс, откако Бруинс триумфираше во ефикасниот меч со конечни 4-6 на гостувањето во „Скотјабенк арената“.

Гостите реализираа по два погодоци во сите три периоди и заслужено дојдоа до израмнување во серијата, а за два дена пред свои навивачи ќе имаат шанса да ја свртат оваа серија во своја корист.

До израмнување од 2-2 стигна и Далас старс во серијата против Нешвил предаторс. Тексашката екипа славеше со убедливи 5-1, а дури четири од петте гола ги реализираа во првиот период.

- Оглас -

Најнови вести