Го разубави „Лецигрунд“ – Слатко десно крило истрча на терен (Видео)

Интересен момент се случи попладнево на мечот меѓу Цирих и Сион во швајцарската лига, а кучето на сопственикот на домашниот тим се прошета на теренот, што им донесе насмевки на играчите на двете екипи.

Анчилјо Канепа, кој е сопственик на Цирих, мораше да се симне од ложата за да го прибере прекрасниот миленик по необичната прошетка на „Лецигрунд“.

Мечот брзо продолжи и заврши нерешено, 1:1, со што Цирих остана на третото место во најквалитетната швајцарска лига, а Сион е претпоследен, само пред Вадуз, во битката за опстанок.

 

- Оглас -

Најнови вести