Коментаторите ќе си имаат мака: Во А тимот на Гвинеја има 11 играчи со исто презиме

Африканскиот куп на нации требаше да се одржи во јануари и февруари годинава, но натпреварувањето се одложи за идната година.

Како и да е, селекторот на Гвинеја, Дидие Сикс, го објави поширокиот список на фудбалери на кои ќе смета за континенталниот собир.

Имено, на списокот од 30 репрезентативци дури 11 се со исто презиме, Камара. Камара е едно од најзастапените презимиња во оваа земја, па така коментаторите ќе си имаат мака кога Гвинеја ќе настапува.

Со презимето Камара, дури тројца се голмани, четири дефанзивци, двајца играчи за врска и двајца напаѓачи.

Инаку, најголема ѕвезда во А тимот на Гвинеја е Наби Кеита, членот на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести