Фудбалерите на Илинден ја остварија 14-тата победа оваа сезона во четвртото по ранг фудбалско натпреварување. На домашен терен избраниците на Баже Лазаревски славеа со 12-2 против Ушкуп 1911.
Во листата на стрелците по двапати се запишаа Крстевски и Цветковски, а стрелаа и Илиевски, Ангеловски, Илиев, Алексовски, Ристовски, Василев, Г.Трајчевски и П.Трајчевски.


