Компани ги надитри „лисиците“ и го донесе Сити на 90 минути од титулата (Видео)

Винсан Компани во 70-тата минута го даде голот на кариерата и му донесе победа од 1-0 на Манчестер сити, со која екипата на тренерот Гвариола дојде на 90 минути од одбрана на титулата. Ова беше стоти погодок за Сити сезонава на својот стадион во сите натпреварувања, а 20-ти за Компани во дресот на Сити.

Сити е прв со еден бод предност во однос на Ливерпул. „Граѓаните“ во последното коло в недела гостуваат кај Брајтон, додека Ливерпул игра дома со Вулверхемптон. Кој и да биде втор, тоа ќе биде рекорден број на освоени бодови за еден вицешампион на Премиер лигата.

Лестер долго издржа без да прими гол, сезонава само три тима не потклекнаа уште во првото полувреме, Сити имаше серија од 18 меча по ред на кои даваше гол до 65-тата минута. За Лестер продолжи црната серија без победа на гостувања во понеделник вечер.

Интересно е што Лестер ќе добие 5 милиони фунти доколку Сити биде шампион. Тие пари се како бонус од трансферот на Ријад Марез.

Ова е голот кој на Сити веројатно ќе му донесе нова титула:

- Оглас -

Најнови вести