Компликации со тестовите го осакатија Лацио

Чиро Имобиле, Лукас Леива и голманот Томас Стракоша, пладнево нема да се најдат во составот на Лацио во пресрет на дербито против Јувентус.

Тројцата клучни играчи на Симоне Инѕаги беа позитивни на ковид-19 пред мечот во ЛШ против Зенит, па иако интерните тестирања во клубот потврдија дека тие веќе не се позитивни, не добија дозвола да настапат на „Олимпико“. До компликации дојде откако според тестирањата на УЕФА, наведените играчи беа позитивни, па на Инѕаги не му остана ништо друго освен да го крпи тимот.

За нив е добро што и Јувентус нема да биде комплетен. Повредите на Кјелини, Де Лихт, Алекс Сандро и Рамзи го натераа Андреа Пирло да комбинира со составот за гостувањето во Рим, кој пак ќе биде предводен од оздравениот Кристијано Роналдо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести