Конате го напушта Ливерпул, а Реал е подготвен за акција

Ибрахима Конате ќе го напушти Ливерпул, откако преговорите меѓу двете страни за нов договор пропаднале. Францускиот дефанзивец ќе си замине од клубот како слободен агент. Ова отвора можност за акција кај Реал Мадрид, кој е заинтересиран да ја засили одбраната ова лето.

Според медиумите во Велика Британија, англискиот гигант не успеал да постигне договор со играчот за продолжување на соработката. Актуелниот договор на Французинот со Црвените истекува на крајот од јуни.

Конате побарал неделна плата од 350.000 фунти за да потпише нов договор. Пред еден месец Французинот изјави дека ќе ја продолжи соработката со клубот, но на крајот сепак донел поинаква одлука.

Дефанзивецот му се приклучи на Ливерпул во 2021 година од Лајпциг. Во изминатата сезона во Премиер лигата одигра 36 натпревари и постигна еден гол.

- Оглас -

Најнови вести