Барселона се договори со Хулијан Алварес, сега останува уште потешкиот дел

Хулијан Алварес е сè поблиску до заминување од Атлетико Мадрид, а според шпанските медиуми, неговата голема желба е кариерата да ја продолжи во Барселона.

Раководството на Атлетико се обидува да го задржи аргентинскиот напаѓач, но наводно самиот фудбалер веќе донел одлука и сака трансферот да биде реализиран уште ова лето.

Според информациите на дел од шпанските медиуми, Алварес и Барселона веќе постигнале договор за петгодишна соработка. Сепак, конечниот трансфер сè уште зависи од договорот меѓу двата клуба.

Се наведува дека Атлетико би можел да прифати понуда од околу 120 до 125 милиони евра, иако засега нема официјален договор меѓу клубовите.

Доколку трансферот на Алварес навистина се реализира, каталонскиот клуб би добил едно од најголемите засилувања на летниот пазар и дополнително би ги зголемил амбициите за одбрана на титулата во Ла Лига и напад на трофејот во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести