Екипата на Вест хем испадна од Премиер лигата, но лондонскиот тим има план летово да заработи многу пари. Главен адут на Чеканите е Матеус Фернандес, играчот за кого се интересираат повеќе европски гиганти.
Многу веројатно е дека Матеус ќе си замине од Вест хем, но и тоа дека ќе остане во Премиер лигата затоа што екипите на Арсенал и Манчестер јунајтед се најзаинтересирани за него. Според најавите, Вест хем не планира да го продаде Матеус Фернандес доколку некој не им плати 80 милиони фунти, односно околу 92 милиони евра.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, е заинтересиран да потпише со 21-годишникот, но интерес постои и од „Олд Трафорд“, каде тренерот Мајкл Карик се подготвува за иднина без Каземиро. Ѕвездата на Чеканите би можела да биде големо засилување за средниот ред на „Олд Трафорд“. Матеус Фернандес постигна пет гола и имаше пет асистенции во 42 настапи во сезоната што измина, но не успеа да го спаси својот тим од испаѓање.
Секако дека Фернандес нема интерес да игра во Чемпионшип, посебно кога за него се заинтересирани екипи кои ќе бидат дел од Лигата на шампионите. Летото допрва ќе почне, а со тоа и калкулациите и комбинациите околу евентуалниот трансфер.

