Конечно: Азар во четврток на терен по 70 дена пауза

Еден Азар конечно ќе се појави во белиот дрес на Реал Мадрид по два месеца и 10 дена пауза поради повреда на глуждот. Белгиската ѕвезда ќе биде во комбинација за настап во мечот против Реал Сосиедад од четврт-финалето на Купот на Кралот, што е голем плус за тренерот Зидан.

Азар првично вршеше напори да биде подготвен за мадридското дерби кое се одигра изминатиов викенд, меѓутоа по препорака го пропушти и тој меч. За Реал ова се добри вести ако се знае дека месецов имаат обврски во Лигата на шампионите против Манчестер сити, додека на 1 март следува второто Ел Класико против Барселона кое ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести