Конечно стана англиски првак со Ливерпул и си замина, но пак ќе игра во Премиер лигата (Фото)

Адам Лалана конечно дочека домашна титула со Ливерпул и веднаш си замина од редовите на актуелниот англиски првак и потпиша тригодишен договор со Брајтон, што значи и понатаму ќе игра во Премиер лигата.

Лалана беше капитен на Ливерпул во еден период и со клубот од „Енфилд роуд“ ги освои и Лигата на шампионите, Интерконтиненталниот куп и Суперкупот на Европа.

Играчот за врска има 34 настапи и за англиската репрезентација и ќе биде сериозно засилување за Брајтон. Потпиша тригодишен договор со клубот од Премиер лигата и го одбра дресот со број 14.

„Сите титули што ги освои со Ливерпул и настапите за англиската репрезентација доволно говорат каков играч добивме. Игра долго време на врвно ниво и од него очекуваме да ни помогне да бидеме уште подобри“, изјави менаџерот на Брајтон, Греем Потер.

Лалана има над 400 настапи во Премиер лигата за Саутхемптон и Ливерпул и постигна 81 гол со 70 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести