Конечно и Атлетико се пофали со ново име во своите редови

Атлетико Мадрид го официјализира ангажманот на Аксел Вицел. Белгискиот репрезентативец пристигна како слободен играч по четири изминати години во дресот на Борусија Дортмунд.

Вицел потпиша едногодишен договор со Јорганџиите и е прво летно засилување. Ривалите Реал Мадрид и Барселона досега беа поактивни од Атлетико на пазарот, но Диего Симеоне е среќен што доби искусен играч со над 600 натпревари во својата кариера.

Вицел е роден победник и токму таков фудбалер му треба на Ел Чоло. Освојуваше трофеи во сите клубови за коишто играше. Пет во дресот на Стандард Лиеж, куп со Бенфика, четири пехари со Зенит, како и два трофеи во Купот и Суперкупот на Германија со Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести