Конечно ќе заврши сагата во Лацио со заминувањето на Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Сергеј Милинковиќ-Савиќ е најскапиот играч на Лацио, но веројатно по многу шпекулации, сега сигурно ќе си замине од клубот за којшто игра од 2015 година.

Српскиот интернационалец во Лацио е скаран со Маурисио Сари и италијанските медиуми објавија дека односот им е исклучително лош, што ќе резултира со заминување на Милинковиќ-Савиќ.

Во последните неколку години медиумите на Чизмата постојано го селеа во други клубови, а се споменуваше дека најзаинтересирани се Јувентус и Манчестер јунајтед, а сумите беа вртоглави.

Се шпекулираше дека Лацио бара отштета од околу 100 милиони евра за српскиот репрезентативец, но трансфер не се случи.

Сергеј е еден од најдобрите играчи од средниот ред во Серија А, а најавено е дека поради кавгата, Сари ќе го остави на клупата за резерви за дуелот со Венеција што ќе се игра задутре, во последното коло од Калчото за 2021 година.

 

- Оглас -

Најнови вести