Конечно се најдоа јунаци што го сопреа италијанскиот хит, од Рим се и победија со 2:1 (Видео)

Лацио конечно успеа да најде рецепт за разиграниот тим на Сасуоло и со победа од 2:1 ја сопре серијата на гостите од шест меча без неуспех во Серија А.

Мануел Лацари погоди во 17. минута по убавиот сол продор и најави крај на серијата на гостите, кои во циклусот од шест меча без пораз го надиграа и шампионот Интер, а ремизираа со Рома.

Лацијалите комплетно ја завршија работата во 51. минута со вториот гол што го даде Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Траоре во последните моменти од мечот го постигна почесниот гол за Сасуоло, екипа што ја заврши серијата од шест меча без пораз.

Српскиот репрезентативец Милинковиќ-Савиќ го постигна деветиот гол сезонава во Серија А и има ист број на асистенции, а сега ја брка бројката 19 во вкупен збир на голови и асистенции што ја имаше лани во целата сезона во Калчото.

 

 

- Оглас -

Најнови вести