Конференциската лига носи неколку сигурни типови

6806 Европа – Каунас Жалгирис (20 ч.)

Преставникот на Гибралтар може само да собира искуство од играње на меѓународна сцена и реално е гостите од Литванија да си заминат со победа на овој меч од квалификациите во Конференциската лига.

Освен што реално гостите имаат поквалитетен состав, шампионатот на Литванија е во полн ек и тие се во натпреварувачки ритам, додека во Гибралтар е пауза и Европа во последните два месеци одигра само еден контролен дуел.

Предлог тип: 2-2 (2.65)

 

6750 Милсами – Сараево (19 ч.)

Во Молдавија започна првенството, а Милсами во првото коло ремизира на свој терен 1:1. Сараево дури 10 меча нема пораз, но во овој период одигра дури шест нерешени. Тоа што е карактеристично во играта на Сарајево е цврстата одбрана, па во последните 20 средби во сите натпреварувања, дури 13 пати одиграле со нула до еден гол, што покажува за неверојатна неефикасност.

Гостите ја имаат фаворитската улога, но тоа што се очекува е да нема многу погодоци затоа што само четирипати во последните 20 средби Сараево одиграл со 3+.

Предлог тип: 0-2 (1.71)

 

6746 Левадија Талин – Сент Јосеф (18:30 ч.)

Со 10 победи во последните 11 меча кои ги одигра екипата на Левадија покажува дека е во одлична форма. Фактот дека се лидери во првенството на Естонија по 16 одиграни меча потврдува дека гостите од Гибралтар денеска нема што да бараат во мечот од Конференциската лига.

Сент Јосеф е екипа која доби шанса за европски настап благодарение на формирањето на ова ново натпреварување, па сигурно гостите ќе бидат задоволи и со еден пристоен пораз.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.20)

 

6743 Сент Џулија – Гзира (18 ч.)

Фактот дека тимот од Андора домашните мечеви ги игра на друг стадион, а не на нивниот локален, покажува дека Сент Џулија нема ни да има предност на домашен терен. Интересно е што ова се две екипи кои се познаваат бидејќи само пред три години играа во квалификациите за Лигата на Европа.

Тогаш Гзира победи двапати и покажа дека на Малта се игра поквалитетен фудбал. Во првиот меч на гости тогаш Гзира победи со 2:1, а дома славеше со 2:0.

Предлог тип: 2 (1.74)

 

6748 Жилина – Дела Гори (18:45 ч.)

Жилина е екипа која во претходните години има играно и во групната фаза од Лигата на шампионите, па сега сигурно нема да има проблеми да го елиминира ривалот од Грузија. Предноста на Дела Гори е тоа што гостите се во натпреварувачки ритам, првенството во Грузија е во полн ек и сигурно тоа може да биде нивен адут.

Ова е меч на кој може да очекуваме погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.58)

 

- Оглас -

Најнови вести