Конор Мекрегор почна да јаде мртви пчели (Видео)

Еден од најпопуларните ММА борци Конор Мекрегор очигледно е дека има премногу слободно време во време на корона-вирусот. Ирскиот борец реши повторно да биде во центарот на вниманието, па одлучи да се снима додека јаде мртви пчели.

Во една тегла Мекрегор имаше собрано мртви пчели, а пред да започне со јадењето, непознат глас му вели „Сигурен ли си дека не се оси? Осите не се добри“, вели човекот, а Мекрегор без размислување му одговара: „Се јадат како бонбони. Каков вкус имаат, како мед да излегува од нив“, рече Мекгрегор.

https://youtu.be/TTYJ9ricTcw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести