Конор Мекрегор уапсен во Мајами поради напад на обожавател

Конор Мекрегор не може без инциденти. Ирецот е во Мајами, каде што успеа да заврши во затвор, и тоа поради напад на свој обожавател. Нервозниот Мекрегор бил пред хотелот кога еден обожавател почнал да го фотографира. Конор не само што не сакал да биде фотографиран, туку веднаш му го одзел мобилниот телефон од раката на обожавателот и го фрлил на земја. Да биде сигурен дека мобилниот е искршен, Мекрегор го смачкал неколку пати со ногата.

Непосредно по овој инцидент, Ирецот бил уапсен и завршил во затвор, но брзо бил ослободен со кауција од 12.000 долари. Неколку часа пред инцидентот, Мекрегор делувал многу добро расположен. Ирецот е во Мајами со своето семејство, каде што го прославуваат 60-тиот роденден на неговата мајка.

Славниот борец дури беше забележан како е влезен во кафез со алигатор и се обидува да го испровоцира опасното животно. На крајот од денот, Мекрегор бил испровоциран, и тоа поради тоа што обожавател сакал да го фотографира.

- Оглас -

Најнови вести