Конор против жена во октагонот? Победникот би добил многу пари (Видео)

Познатиот ММА агент Али Абделазиз е подготвен да вложи 1.000.000 долари на победа на Кејла Херисон против легендарниот ирски борец Конор Мекрегор.

Абделазиз верува дека Американката би имала големи шанси против Конор доколку тие би се бореле еден против друг, а се обложил и кога ќе има таков дуел. Ако слушне Конор, сигурно би се согласил на таков спектакл.

Кејла Херисон има 31 година, таа е поранешна олимписка и светска шампионка во џудо, а сега доминира во ММА, има 10 победи на 10 меча и засега нема жена од која може да загуби. Мекгрегор за 11 јули има закажано борба со Дастин Појрие, а победникот ќе стане предизвикувач за титулата во лесна категорија во УФЦ.

Ова е последната борба на Херисон во мај, кога таа ја нокаутира Бразилката Мораеш:

https://www.youtube.com/watch?v=HiDRBBv-dFQ&t=6s

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести