Конте далеку најплатен тренер во Серија А

Интер го плаќа Антонио Конте 12,5 милиони евра по сезона, што го прави италијанскиот стратег најплатен тренер во Серија А. Конте заработува петпати повеќе од вториот на листата за плати на тренерите во Калчолигата.

Дека разликата е драстична, потврдува платата од 2,5 милиони евра на Пауло Фонсека во Рома. Следува Џампјеро Гасперини на Аталанта, со 2,2 милиони евра годишна заработувачка.

Симоне Инзаги (Лацио), Синиша Михајловиќ (Болоња) и Стефано Пиоли (Милан) заработуваат по два милиони евра годишно, додека седми на листата е Андреа Пирло, тренерот на Јувентус според договорот заработува 1,8 милиони евра.

Во топ 10 се уште Џенаро Гатузо, тренерот на Елиф Елмас во Наполи, Марко Џампаоло од Торино и Еузебио Ди Франческо од Сасуоло, со по 1,5 милиони евра годишна плата. Најслабо платени тренери во Серија А се Ливерани и Италијано од Парма и Специја, со по 500.000 евра годишна плата.

- Оглас -

Најнови вести