Конте го доби спорот со Челзи

Антонио Конте го доби спорот со Челзи кој се водеше речиси една година. Судот во Англија пресуди во корист на италијанскиот стратег, па сега тој чека да му бидат исплатени 10 милиони евра, односно сумата која му беше загарантирана во последната година од неговиот договор со Сините.

Челзи му врачи отказ на Конте пред почетокот на оваа сезона, една година пред да му истече тригодишниот договор, а тој на легален начин се обиде да си ги добие преостанатие пари кои му беа ветени по потпишувањето на соработката. Со оглед на тоа дека Конте речиси една година е без ангажман, Челзи е обврзан да ги исплати бараните средства.

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, во својата ера досега исплати 80 милиони евра како компензација за сите отпуштени тренери, а Конте е деветти таков случај откако Русинот го купи клубот во 2003 година. Убедливо најмногу доби Жозе Мурињо при раскинувањето на договорот со Челзи во 2017 година, околу 26 милиони евра.

Оваа сума може да се покачи бидејќи актуелниот менаџер на Сините, Маурисио Сари, го чека крајниот епилог околу својата судбина во Лондон, а при евентуален отказ и доколку Сари не најде веднаш нов ангажман, Челзи ќе треба и нему да му исплати одредена компензација, во овој случај 5 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести