Конте го истера своето, го доби тоа што го бараше и од следната сезона се враќа во Серија А

Антонио Конте е многу блиску до договор со Наполи, откако го доби тоа што го бараше, објавија италијанските медиуми.

Конте во текот на сезоната ја одби понудата на сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, да седне на клупата на сè уште актуелниот италијански шампион, но сега работите се сменија и повеќе од сигурно е дека тој ќе го води тимот од следната сезона.

Според весникот од Неапол, „Ил Матино“, двете страни останале постојан контакт, и дури сега Де Лаурентис му го понудил тоа што го бараше Конте од самиот почеток. Тоа е целосна контрола на трансфер политиката на Наполи, односно неговиот збор, а не тој на Де Лаурентис да биде последен во одлуките кои играчи ќе си заминат, а кои ќе бидат купени.

Според весникот, Конте до крајот на месецов и официјално ќе потпише тригодишен договор според кој ќе заработува по осум милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести