Конте го закопа Ришарлисон: Да, неговата сезона е ср**е (Видео)

Елиминацијата на Тотенхем од Милан во осминафиналето од Лигата на шампионите, натера дел од фудбалерите да откријат дека атмосферата во соблекувалната не е идеална и Ришарлисон го нападна својот тренер Антонио Конте, кој пак не му остана должен да играчот.

Бразилецот по елиминацијата од Милан, изјави дека неговата сезона е „ср**е“, но и дека не го разбира тренерот Конте кој не му дава шанса да игра почесто.

„Да ме извините на изразот, оваа сезона е ср**е. Сакам да играм повеќе, не ги разбирам одлуките на тренерот. Не разбирам зошто играв добро и бев во добра форма, но не Конте ме остава на клупата. Кога бев стартер ги победивме Астон Вила и Челси, а против Вулверхемптон ми даде само пет минути. Кога го прашав зошто ме остави на клупата, тој не ми одговори“, изјави Ришарлисон.

Одговорот од тренерот дојде по 24 часа и сигурно нема да му се допадне на Бразилецот.

„Слушнав што кажа Ришарлисон и не тоа не го сфатив како критика упатена кон мене. Тој рече „мојата сезона е ср**е“ и е во право бидејќи не е доволо добар. Доброј ја започна сезоната, но потоа почнаа проблемите со повредите, па потоа од СП се врати разочаран бидејќи Бразил не ја исполни целта. Потоа повторно се повреди поради што мораше да паузира еден месец. Даде само два гола, двата во Лигата на шампионите, и мислам дека беше искрен кога рече дека неговата сезона не е добра“, рече Конте.

https://twitter.com/ESPNUK/status/1634201887133007872?s=20

- Оглас -

Најнови вести