Конте: Ќе биде голем меч, сакаме да го елиминираме Милан

Тотенхем загуби со 1:0 на првиот меч против Милан одигран на „Сан Сиро“, а лондонскиот тим утревечер ќе биде домаќин во Лондон. Италијанскиот стратег на клупата на Тотенхем, Антонио Конте е оптимист и верува дека неговите фудбалери може да се пласираат во следната фаза.

Сепак, Конте потенцираше дека овој тим лани играше во Конференциската лига, што значи дека ова за нив е голем напредок.

„Пред нас е многу важен меч и се надевам дека ќе успееме да поминеме во следната фаза. Очекувам атмосферата на стадионот да биде феноменална. Живееме за вакви мечеви, затоа што кога расте притисокот тоа значи дека расте и значајноста на средбата. Не заборавајте дека минатата сезона игравме во Конференциската лига, а сега сме во нокаут фаза од Лига на шампиони. Бевме први во нашата група, а сега имаме шанса да го елиминираме Милан. Ако ме прашате далиго сакам трофејот во Лигата на шампиони, секако ќе кажам „да“, но тука треба да се гледа и на реалноста. Мора да одиме меч по меч“, рече Конте.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести