Конте најави заминување: Јас и Интер имаме различни идеи!

Ако нешто не се смени во филозофијата на Интер, Антонио Конте ќе си замине од позицијата тренер на тимот. После поразот од Севилја во финалето на Лигата на Европа, самиот Конте рече дека има различни идеи со Интер, и не сака уште една ваква сезона во која тој и клубот ќе бидат со различни сфаќања за многу работи.

„Секогаш ќе му бидам благодарен на Интер за шансата која ми ја даде, но многу работи не ми се допаѓаат во клубот, не сакам да останам уште една сезона ако остане вака. Имавме убава, но тешка година. За големи резултати, потребна е хармонија. Имам и семејство, мора да мислам на нив, и да одлучам дали приоритет ми е фудбалот или фамилијата. Има ситуации во кои семејството е афектирано од некои случувања, неприфатливо е некои работи да влијаат врз мојот приватен живот. Нека поминат два-три дена, па со ладни глави ќе седнеме и ќе разговараме за иднината на Интер, дали ќе биде со мене или без мене“ – изјави Конте.

Некои италијански медиуми се сигурни дека Конте ќе си замине, и веќе најавуваат дека е најден негов наследник, тоа е Масимилијано Алегри. Доколку Алегри седне на клупата на Интер после Конте, тоа ќе биде реприза на 2014 година во Јувентус. И тогаш Алегри го наследи Конте, а спортски директор на Јуве беше Бепе Марота, кој сега ја врши функцијата во Интер.

- Оглас -

Најнови вести