Конте најави заминување од Тотенхем, а неговиот можен наследник им е добро познат на навивачите

Италијанецот Антонио Конте најверојатно на крајот од сезоната ќе си замине од клупата на Тотенхем.

Договорот со англискиот тим му истекува на крајот од сезоната и засега нема никакви најави дека би можело да потпише нов, а нема ниту добри односи со управата на Тотенхем.

Тој е незадоволен од потезите на претседателот на клубот, Даниел Леви, кој не сака да ги исполни неговите барања и да му ангажира квалитетни фудбалери со кои ќе се вклучи во трката за трофеите.

По поразот од Милан во првиот осминафинален натпревар, Конте и самиот најави можно враќање во Италија на крајот од сезоната.

„Не сакам да зборувам за иднината, но како поранешен селектор на Италија, сите знаат колку ми значи мојата земја. Италија ми е во срцето и никогаш не можам да исклучам дека еден ден ќе се вратам“, изјави Конте.

Како можна замена во Тотенхем, англиските медиуми го споменуваат Маурисио Покетино, што би значело враќање на Аргентинецот во клубот во којшто ги имаше најголемите успеси во кариерата.

Покетино по отказот од 2019 година, го водеше ПСЖ, од каде што минатата сезона исто така доби отказ и оттогаш е без работа.

- Оглас -

Најнови вести