Koнте пред враќање во Серија А – Чека повик од Рома

Тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо, има уште една шанса да си ја спаси работата. Утре против Интер, неговата екипа ќе мора да издвои победа, а било каков исход освен позитивен резултат ќе значи и крај на соработката на Ди Франческо со клубот од Рим.

Раководството на клубот веќе ги разгледува опциите за негова замена, а како што наведуваат италијанските медиуми, тие веќе стапиле во контакт со Антонио Конте. Италијанскиот стратег од летото е без ангажман по неславното прекинување на соработката со Челзи, а неодамна одби повик од Реал Мадрид бидејќи се соочува со судски процес со неговиот поранешен клуб.

Сега сѐ зависи од конечниот исход од утрешното дерби во рамките од 14. коло во Серија А. Пораз на Рома воедно ќе значи и враќање на Конте во Серија А, четири години откако ја напушти клупата на Јувентус.

Средбата на „Олимпико“ е закажана за терминот од 20:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести