Конте сака да освои трофеј со Тотенхем

Во изминатава деценија Антонио Конте е синоним за успешен тренер кој знае како се освоуваат трофеи. Како предводник на Јувентус освои три титули во Серија А, потоа беше шампион со Челзи во Премиер лигата, а пред една година стана првак со Интер во калчото и потоа направи трансфер во Тоенхем.

Главна цел на Конте по доаѓањето во лондонскиот тим е да освои трофеј, нешто што во Тотенхем го чекаат цели 15 години. Последен пат Тотенхем го освои Лига купот во 2008 година, што е и нивни единствен пехар во последните 24 години. Тотенхем последен пат беше првак на Англија пред 61 година.

Во овој преоден рок, Тотенхем доведе дури шестмина нови фудбалери, кои заедно со првите ѕвезди во екипата Хари Кејн и Хун-мин Сон треба да бидат носители во играта. Конте вели дека негова главна цел е да доведе трофеј во витрините на Тотенхем, иако знае дека конкуренцијата е голема.

„Секако дека сакам да освојам трофеј со Тотенхем, но мора да се биде и реален. Тука има многу силни екипи, како што се Манчестер сити и Ливерпул. Тука е и Челзи кој пред две сезони беше европски првак, а потоа и светски клупски шампион. Не треба да се потценат ниту Манчестер јунајтед и Арсенал, кој беше посебно активен на пазарот“, вели Конте.

- Оглас -

Најнови вести