Серијата од три порази во Премиер лигата, Тотенхем ја прекина на најтешкиот терен, кај шампионот Манчестер сити. Лондонскиот тим победи со 3:2 и тоа благодарение на голот на Хари Кејн во 95 минута од мечот.
По средбата, тренерот на Тотенхем Антонио Конте беше пресреќен и трчаше од фудбалер до фудбалер да им честита на своите момци. Сепак, италијанскиот стратег во еден момент остана здрвен и збунет.
Конте тргна да го прегрне Пјер-Емил Хојбјерг, а овој беше свртен со грб и едноставно го остави тренерот „во прашалници“ затоа што го изигнорира и воошто не се поздрави. Реакцијата на Конте е хит.