Конте со жестоки критики: Не сме тим, навикнати се да не освојуваат трофеи, не сакаат притисок!

Менаџерот на лондонски Тотенхем, Антонио Конте, „стрелаше“ со отровни стрели кон неговите играчи за односот кој го имале на денешниот меч со Саутхемптон кој заврши 3-3.

„Клубот добро ги плаќа и нив, а и мене, за да имаме резултати, не постојано да наоѓаме некакви изговори. Неприфатливо е ова што се случува. Водиме 3-1, го контролираме мечот, а потоа примаме два гол, дури и ризикуваме пораз. Проблемот е што ние не сме тим. Гледам себични играчи кои не сакаат да си помагаат едни на други и играат без срце. Екипата нема волја за успех. Клубот бара одговорност од тренерите, а каде е одговорноста на играчите?“ – рече Конте.

Италијанецот не застана тука.

„Ова се случува затоа што тука се навикнати на ова, не играат за ништо важно. Не сакаат да играат под притисок, не сакаат да играат под стрес, вака им е полесно. Тоа е приказната на Тотенхем. Овој газда 20 години го води клубот, а ништо не освоиле. Мора да се смени нешто во пристапот, инаку само ќе се менуваат тренери, а резултати ќе нема. Жал ми е за навивачите, тие треба да видат жар во очите“ – додаде Конте.

- Оглас -

Најнови вести