Конте: Стискаме на педалот за гас, скудетото е 95 проценти освоено

Тренерот на Интер, Антонио Конте, верува дека работата на неговиот тим околу освојување на шампионската титула во Италија е завршена 95 отсто. Ако Интер победи во следните две кола, тимот на Конте ќе стане шампион и ќе ја прекине деветгодишната доминација на Јувентус кој после денешното реми со Фиорентина, ќе се мачи за воопшто да влезе во четирите најдобри кои одат Лигата на шампионите, а Скудетото е недофатливо.

Интер попладнево ја победи Верона, а Конте објаснува под каков притисок се неговите играчи кои горат од желба што побрзо да ја обезбедат титулата.

„Топката сега е потешка, многу играчи никогаш не биле во ваква ситуација, и не може да не се каже дека кај некои од нив се чувствува тоа. Многу ќе им значи да успеат, тоа би било знак дека станале победници. Константни сме, некогаш се мачиме повеќе, но силно го стискаме педалот за гас. Мислам дека 95 проценти од Скудетото е освоено. Победи како денешната против незгоден тим кој нема што да загуби, вредат како девет бода“ – изјави Конте.

Конте вели дека во неговата прва сезона како тренер на Јуве, ги имал Кјелини, Бонучи и Барѕаљи кои тогаш биле млади и немале освоено ништо, и сега гледа сличност со Де Врај, Бастони и Шкринијар.

- Оглас -

Најнови вести