Контроверзниот напаѓач на Црвените ѓаволи ќе добие втора шанса, и тоа во Серија А

Поранешниот младински репрезентативец на Англија, 21-годишниот Мејсон Гринвуд, кој се сметаше за најголема надеж на Манчестер јунајтед најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А, и тоа во редовите на Јувентус.

Гринвуд играше одлично во дресот на Црвените ѓаволи, но минатата година беше обвинет за обид за силување, поради што кариерата му беше ставена на мирување.

На почетокот од годинава, Гринвуд беше ослободен од обвиненијата откако помина неколку месеци зад решетки, а Манчестер јунајтед одлучи да покрене сопствена истрага за наводниот обид за силување.

Тој потег на Црвените ѓаволи не му се допадна на Гринвуд, кој изјави дека повеќе не сака да игра за англискиот гигант.

„Никогаш повеќе нема да го облечам дресот на Манчестер јунајтед“, изјави Гринвуд.

Како можен иден тим на Гринвуд се споменува Јувентус, кој е подготвен да му даде шанса на Англичанецот.

„Јувентус му нуди нов почеток на Гринвуд во Италија. Тие јасно му ставија до знаење дека сакаат Мејсон да се врати на голема врата во фудбалот. Главна улога ќе треба да одигра Пол Погба, кој играше заедно со Мејсон во Манчестер јунајтед. Можна е позајмица со задолжителен откуп на договорот“, објави англискиот новинар Фил Томас.

- Оглас -

Најнови вести