Концептот на Сари-бол ќе се тркала на друго место – Јувентус готви список за нов тренер

Маурисио Сари ја заврши авантурата во Јувентус, што е оценета како неуспешна, иако со Старата дама го освои Скудетото.

Според информациите во италијанските медиуми, Андреа Ањели, кој и првично беше против именувањето на сегашниот тренер нема веќе трпение и ќе ја донесе одлуката, од која се повлече под притисок на своите најблиски соработници и ќе го смени Сари.

Во Јувентус веќе се подготвува и листа со можни кандидати што би го замениле Сари, а засега се споменуваат Серџо Консеисао од Порто, Симоне Инѕаги од Лацио и Маурисио Покетино, поранешниот тренер на Тотенхем. Ако расплетот во Интер не биде поволен за Антонио Конте, тогаш како што наведуваат медиумите на Чизмата, тој ќе биде најсериозниот кандидат за да биде нов кормилар на Јувентус, со кам-бек на клупата на шампионот.

Можно е листата да се прошири со нови имиња, а речиси е сигурно дека по елиминацијата на Јувентус во осминафиналето во Лигата на шампионите, Старата дама ќе има нов тренер.

 

- Оглас -

Најнови вести