Копенхаген повеќе се плаши од тунелот и атмосферата во Белград, отколку од самата Ѕвезда

Црвена ѕвезда ќе се обиде да го повтори ланскиот успех и да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите. Српскиот првак веќе помина две кола. Ги елиминираше Судува и Хелсинки, а селден предизвик е дански Копенхаген. Тоа е тим кој знае како е да се игра групна фаза од ЛШ, но и чест учесник во Лигата на Европа.

Иако се работи за искусен тим, Данците се многу уплашени пред денешниот меч во Белград. Гостите не се плашат од името на противникот и од фудбалерите кои ги имаат „црвено-белите“, туку од атмосферата која се создава на стадионот „Рајко Митиќ“.

Данците потенцираат дека навивачите на Ѕвезда се одлични, дека тунелот низ кој треба да поминат за да стигнат на теренот, создава дополнителен страв и тензија за противникот и тоа ќе биде нивниот најголем проблем. Тунелот низ кој поминуваат фудбалерите е точно под Северна трибина, каде се и најверните навивачи на Ѕвезда.

„Се радувам на предизвикот и атмосферата која нѐ очекува. Никогаш не сме играле пред таква атмосфера. Ѕвезда е многу силна посебно на домашен терен, кога нивните навивачи ќе направат пеколна атмосфера. Под притисокот од трибините, квалитетот на гостите опаѓа. Наша цел е да останеме во игра за во реваншот во Копенхаген. На домашен терен сме многу посилни. Имаме и ние наши навивачи кои ни даваат сила и способни сме да направиме многу повеќе“, рече тренерот на Копенхаген, Стале Солбакен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести