Корона-вирус во Сити: Вокер и Жезус пропуштаат важни дуели

Манчестер сити потврди четири случаи на корона-вирус во своите редови, од кои двајца заразени се Кајл Вокер и Габриел Жезус, а двајца се членови на стручниот штаб.

Англискиот бек и бразилскиот напаѓач според протоколот се сместени во 15-дневна изолација и поради тоа ќе пропуштат неколку важни дуели на Граѓаните.

Утре нема да се најдат во составот против Њукасл, ниту против Евертон во 16-тото коло, додека Гвардиола нема да смета на двајцата првотимци во дербито против Челзи во ПЛ, како и во градското дерби против Јунајтед во полуфиналето од Лига купот на Англија, кое е закажано за 6 јануари, три дена по пресметката со Сините.

Многу веројатно Вокер и Жезус нема да бидат достапни ниту за мечот од ФА купот против Бирминхен на 10 јануари, односно ќе се вратат во составот во втората половина од јануари.

- Оглас -

Најнови вести