Корона во Челзи

Фудбалерот со апсолутно најнесреќното презиме во моментов, Хесус Корона, се најде на листата со желби на Френк Лампард како потенцијално летно засилување во Челзи. Мексиканското крило веќе пет години ги брани боите на Порто со голем успех, a и во актуелната сезона бележи одлични бројки кои, пак, може да му го отворат патот до Премиер лигата.

Во таборот на Сините сметаат дека Корона е далеку поевтина алтернатива од Џејдон Санчо, за чијшто потпис се борат Ливерпул и Манчестер јунајтед, а наводно услугите на Мексиканецот може да ги добијат за 27 милиони фунти. Корона исто така би се преселил на „Стемфорд бриџ“ како замена за искусните Вилијан и Педро, на кои им истекуваат договорите ова лето и се наоѓаат на излезна врата.

Пред прекинот на сезоната во португалската Примера, Корона настапи на 24 меча, во кои постигна два гола, но намести 10 гола, со кои е најдобар асистент во првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести