Короната ги „коси“ градежните работници кои прават стадиони во Катар за СП 2022

Уште тројца работници на градилиштата во Катар каде се прават стадиони за фудбалскиот Мундијал во 2022 година, се заразени со коронавирусот, па заедно со претходните петмина, сега бројката е осум, соопштија организаторите на СП 2022.

Во Катар каде се затворени џамиите, училиштата, парковите и рестораните, потврдени се над 4.000 случаи на заразени со Ковид-19, седум луѓе се починати, а првите заразени на градилиштата се откриени во средата. Засега има заразени на три од седумте градилишта каде во тек е изградба на објекти за фудбалското СП кои треба да се игра по две години.

На заразените работници и понатаму ќе им се исплаќа плата, а ќе им биде платено и лечењето. СП во Катар треба да се одржи во ноември и декември 2022 година, и засега нема најави дека може да има одложување и некое поместување на термините. Сепак, има неофицијални информации дека ако Катарците не бидат подготвени навреме, Мундијалот може да се игра во САД.

- Оглас -

Најнови вести