Короната победува – Француските клубови можат да издржат до февруари, вентилот го стегнаа и Кинезите

Дел од француските прволигаши се пред банкрот и кожат да издржат до февруари, а потоа нема да имаат пари ниту за плати на играчите, откако бродкастерот „Медиапро“ го откажа договорот тежок 1.15 милијарди евра по сезона.

Ова е шокантна вест за клубовите од Лига 1 и најава за голема криза во земјата на актуелните светски прваци. Дел од франциските медиуми предупредуваа на сомнителниот бонитет на „Медиапро“, а договорот требаше да биде вториот највисок во историјата на фубалот, зад тој што го имаат премиерлигашите во Англија.

Сомнежите дека „Медиапро“ не е фирма од тој ранг за да нуди таков астрономски договор се појавија кога Италијанците одбија да потпишат договор со истата фирма.

Договорот беше потпишан во 2018 година, а од трката се повлече „Канал плус“ долгогодишниот партнер на Лига 1. Во еуфорија дури имаше и оптимизам дека францускиот фудбал и Лига 1 ќе биде конкурентни и со Англичаните, па претседателот на Лоријон дури најавуваше и преселба на ѕвездите од Премиерлигата во француското првенство.

„Медиапро“ ја плати првата рата од 172 милиони евра во август, но потоа немаше пари за втората транша што требаше да ја плати во октомври годинава.

Шпанската фрима се правдаше дека и е урнат кредитниот рејтинг поради кризата со Ковид-19. Пандемијата си го зема данокот и во други земји, а деновиве и Кина најави рестрикции.

Кинезите одлучија да прекинат со екстремно високите плати за европските земји, па воведоа огрничувања. Сега најмногу што може да добие странски играч е 3 милиони долари годиншно, што е речиси за 10 пати поамал сума од таа што ја плаќаа клубовите за фудбалските ѕвезди од странство. Донесена и одлука домашните фудбалери да можат да заработуваат најмногу до 600 илјади долари на годишно ниво.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести