Коронавирусот го победува фудбалот! Има опција и да се поништи целата сезона

Претседателот на УЕФА Александер Чеферин, за прв пат призна дека е можно домашните фудбалски првенства во Европа воопшто да не се доиграат и сезоната да биде прогласена за нерегуларна. Причина за ваквата опција секако е Коронавирусот, опасниот вирус поради кој веќе две недели нема фудбал во Европа.

УЕФА минатата недела за следната година го одложи Европското првенство кое требаше да се игра летово. За прв пат во историјата ЕП се откажува и ќе се игра во непарна година. Сега, се поверојатна опција е и домашните првенства да не го дочекаат својот крај.

„Можно е првенствата да продолжат во средината на мај, евентуално на почетокот на јуни или на крајот од јуни. Ако не успееме до крајот на јуни да продолжат првенствата, најверојатно сезоната ќе биде загубена“, вели претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, кој сепак додаде дека постои опција одложените натпревари да се одиграат и во период кога треба да започне следната сезона.

Ако се случи УЕФА да ја поништи цела сезона, тоа значи дека во ниедно првенство нема да биде прогласен шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести