Корона-вирусот ја „нападна“ Украина, може да не се игра мечот со Франција!

Франција вечерва треба да биде домаќин на Украина во пријателски меч, но можно е средбата воопшто да не се одигра. Секако, причина за ваквото можно непопуларно сценарио е корона-вирусот.

Опасниот вирус ја „нападна“ репрезентацијата на Украина. Од вчера беше јасно дека тројца голмани се заразени, па селекторот Андриј Шевченко на располагање го има само дебитантот Георги Бушчан. Денеска беше потврдено дека уште петмина фудбалери од Шахтер се позитивни на корона-вирусот, па со тоа бројката на заразени украински репрезентативци се искачи на осум.

Кај Франција е заразен десниот бек Лео Дубоа, а на негово место е повикан Ферлан Менди од Реал Мадрид.

Заразен фудбалер има и во составот на Португалија, но засега нема најави дека може да се одложи средбата против Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести