Коронавирусот може да го „убие“ и најтрофејниот клуб во Белгија

Андерлехт, кој може да се пофали со 34 шампионски титули во белгиското првенство, сега се соочува со најголемата криза во клупската историја. Клубот формиран во далечната 1908 година е во криза, а со појавувањето на Коронавирусот, ситуацијата дополнително се комплицираше.

Белгискиот гигант е во финансиски проблеми, кои само се зголемуваат со прекинот на фудбалското првенство.

„Без сомнение дека Коронавирусот има големо влијание на нашите животи. Андерлехт не може да побегне од последиците што ги создаде пандемијата. Додека постои оваа принудна пауза, мораме да ги лимитираме расходите колку што можно повеќе. Тоа подразбира флексибилност на сите вработени. Андерлехт е клуб кој низ годините се наоѓал во многу проблеми и сите успешно ги решавал. И сега ќе испаднеме како победници“, стои во соопштението на клубот.

И покрај оптимистичките најави, претседателто на клубот, Карел ван Етвелт, призна дека е можно клубот да прогласи и банкрот. Минатата година Андерлехт пријави рекордни загуби, а долгот сега скокна до 100 милиони евра, па проблемите со Коронавирусот може да доведат и до негово згаснување.

- Оглас -

Најнови вести