Кошаркар ги промаши сите слободни фрлања, „успех“ на кој може да му позавиди и Шекил О’Нил (Видео)

Жалгирис го совлада Невезис во литванското првенство со 92-86 и се пласира во финалето, но она што го направи кошаркарот на поразената екипа, Дешон Фримен, ќе остане запаметено.

Тој на натпреварот ги промаши сите 13 слободни фрлања, а противнички кошаркари кога видоа како шутира, постојано го фаулираа. Веројатно ако го задржеше просекот од оваа сезона, во која погоди 60 од 119 фрлања, исходот на овој натпревар ќе беше друг.

https://twitter.com/BasketNews_com/status/1658191275776958474?s=20

Ваков „успех“ имаше и славниот Шекил О’Нил, кој во сезоната 2000/2001 промаши 11 слободни фрлања.

 

- Оглас -

Најнови вести