Кошаркар на Шарлот „падна“ на допинг-тест

Бекот на Шарлот хорнетс, Малик Монк, е суспендиран на неодредено време од страна на НБА-лигата поради користење наркотични средства. Суспензијата ќе трае сè додека кошаркарот целосно не се усогласи со антидопинг програмата на лигата.

Забраната за настапи почна од ноќеска, со дуелот Шарлот – Њујорк, кој домаќините го добија со 107:101. Од таборот на Хорнетс се огласија дека се разочарани од постапките на нивниот член.

„Разочарани сме од Малик и неговите постапки кои доведоа до оваа суспензија. Не го одобруваме неговото однесување, но истовремено тој ќе има наша поддршка во претстојниот период“, стои во соопштението.

Дваесет и двегодишниот Монк е член на Шарлот од 2017 година, беше избран како 11-ти пик на драфтот таа година. Досега настапи на вкупно 191 натпревар во НБА-лигата на кои само еднаш беше стартер, а оваа сезона бележи просек од 10,3 поени.

- Оглас -

Најнови вести